Добредојдовте во myCrypto.mk

Првиот фонд во Македонија кој се занимава со тргување со криптовалути. Тим составен од луѓе кој имаат големо искуство во светот на криптовалутите. Во процесот на управување со средствата, тимот го применува долгогодишното искуство со кое што располага.

/

Што е крипто?

Крипто валута или позната како виртуелна или дигитална валута ја има само во електронска форма, не е издадена ниту е под контрола на некоја земја и централна банка. Една од најпознатите крипто валути е bitcoin. Ова е назив за два термина, доколку е со мала буква – ја означува самата валута, а со голема буква е назив за информатичката мрежа преку којашто bitcoin може да функционира, односно го претставува системот за плаќање.

Вообичаено, парите со коишто располагаме може да купуваме најразлични производи и услуги во готово или преку картичка. Тие имаат еднаква вредност и име (денар, евро, долар), а се под директна контрола на централната банка на земјата што ги издава. Од друга страна, крипто валутите функционираат како електронски записи за одредена вредност поставена на некоја интернет страница што обезбедува таква услуга.

Факт е дека во изминатите неколку години криптовалутите станаа многу популарни, и со добра причина. Истите претставуваат иновативна форма на валути со која што може да се тргува низ целиот свет, а луѓето кои инвестирале во нив оствариле огромен профит.


Зошто сега е вистинското време за да инвестирате во криптовалути?

Во време на светска економска криза дојде до голем пад на цените на акциите и на цените на криптовалутуте, односно цените на најголемиот дел од криптовалутите паднаа дури за 70 проценти од нивниот максимум. Сето тоа го прави овој период поволен за инвестирање бидејки со самото надминување на актуелната криза ке дојде до повторен раст на цените на криптовалутуте, а со самото тоа и до остварување на огромен профит на оние кои ке ја искористат оваа можност.

Каде се наоѓаме?

Локација


Translate »